HYPERDESMO-D

Go to content

Main menu:

HYPERDESMO-D

Производи > Подни системи > Полиуретански
HYPERDESMO®-D

HYPERDESMO®-D е еднокомпонентен полиуретански премаз, кој се врзува со влагата од воздухот. Создава многу јака мембрана со одлична адхезија на разни подлоги и има одлична хемиска и хидролитичка отпорност.

Идеален е за заштита на метални површини од корозија, резервоари за хемикалии, резервоари за третман на отпадна вода и канализациони цевки. Има голема отпорност на гасовите кои се создаваат при обработка на отпадни води (пр. метан, водороден сулфид итн.)

Се нанесува со четка, ваљак или безвоздушно распрскување во еден или два слоја.
Максимална потрошувачка по слој 150гр/м2.
Не е потребно разредување.

НАПОМЕНА: Кога е изложен на сонце (директно или индиректно), HYPERDESMO®-D има тенденција да пожолти. За да се зачува бојата потребeн е завршен слој од HYPERDESMO®-ADY-E (секогаш пигментиран).

За хидроизолација и заштита на:

  • метални структури;
  • бетон;
  • индустриски подови;
  • паркинзи;
  • разладни комори;
  • резервоари за хемикалии;
  • резервоари за третман на отпадни води;
  • цевки (одвнатре).


 
Back to content | Back to main menu