За АЛХИМИКА

Go to content

Main menu:

За АЛХИМИКА

Информаци
ALCHIMICA е динамична компанија, специјализирана за развој и производство на полиуретански материјали за градежна и индустриска апликација. Над 25 години ALCHIMICA успешно нуди производи и услуги на архитекти, инженери, градежни фирми ширум светот. Нивните едно и двокомпонентни полиуретански системи имаат докажана историја на високи перформанси во голем број на престижни градежни објекти во светот. Исто така, нивните индустриски премази за распрскување се користат како докажан систем за хидроизолација и заштита, дури и во најтешките ситуации каде се потребни посебни услови пр. изведба на резервоари за питка вода, реставрација на стари објекти, хидроизолација на платформи на мостови.
Во последните неколку години ALCHIMICA успешно ја зголеми својата палета на производи, вклучувајки индустриски производи како и не-полиуретанско базирани производи со цел да овозможи поголем избор на крајниот корисник. Имено ALCHIMICA нуди и цементни малтери, MS (модифицирани силани) базирани лепила и китови како и специјализирани едно и двокомпонентни полиуретанско битуменски системи.

ALCHIMICA е компанија со традиција на иновации, која инвестира во истражувањето и константно тежнее кон нови нивоа на перфекција. Токму тој пристап овозможува константно презентирање на нови технологии на светскиот пазар со што се отвараат нови можности, како за ALCHIMICA така и за нивните партнери.

АЛХИМИКА ТЕХНОЛОЏИ дооел од 2006 година е единствен и овластен застапник на производите на компанијата ALCHIMICA (Атина, р.Грција) во Република Македонија, за кој временски период успеавме да го наметнеме квалитетот на производите и системите на ALCHIMICA како незаменлив дел од градежната индустрија.

За нашата професионалност и квалитетот на производите кои ги нудиме можат да посведочат и дел од клиентите со кои сме имале успешна соработка:
АЛКАЛОИД АД СкопјеГалафарм
Жива Штип
Сковин
ЈСП СкопјеРико инг
ОКТААД ЕВРОПА СкопјеФершпед
Никекс ингБизнис Центар АдингИнвест А
Видинг градба
Синтек спецификСинтек инженеринг
БаџакТин ЕлеваторМел Проект
ГИП МатескиГЕММА
Серта
Градежен Институт МакедонијаАтлас инг.Адора инг
РудинеПескара ВелМакпетрол АД
 
Back to content | Back to main menu